Поцков: Вистината е како шило, врти, врти и ќе избие

Од:

Вчера по објавувањето на листите за пратеници на СДСМ, каде што е и моето име под р.б.8 во И.Е.4, провладините медиуми изнесоа еден куп невистини кои најостро ги демантирам.

1. Не е точно дека јас сум татко на зетот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Точно е дека сум стрико на зетот и во такво својство бев на свадбата во април годинава кои ја посочуваат курирците, како што е точно дека бев стрико и на веридбата на младите во 2014 год. кога не постоеше СЈО.

2. Во обид лично да ме дискредитираат, курирците при наведување на моето CV намерно го испуштиле периодот од 2014 до денес во кој јас бев пратеник во Собранието на РМ од редовите на мојата партија СДСМ, на што посебно сум горд.Тогаш не постоеше СЈО, напротив СЈО го изгласавме сите пратеници од позицијата и опозицијата на 15 септември 2015.
Нивниот вчерашен обид да ја претстават мојата кандидатура за пратеник за претстојните избори како за првпат и во корелација со некој договор е ноторна лага. Вистина е дека мојот избор за кандидат за пратеник од СДСМ на претстојните избори 2016 е резултат на активноста која ја покажав како пратеник во предходниот собраниски состав, како и довербата која ја уживам во Гевгелија.

Сосема за на крај,

Вистината е како шило, врти, врти и ќе избие. Јас силно верувам дека тоа ќе се случи на 11 декември, бидејки знам дека доброто секогаш го победува злото.За себе знам дека сум на вистинската страна, а вие курирци запрашајте се…

П.С. Уште 34 дена до победа, ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА

Сашо Поцков

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните