Почнуваат СКОМРАХИ, посветени на Август Стриндберг

Од:

Со претставата „Пеликанот“ од шведскиот писател и драматург Август Стриндберг вечер на Факултетот за драмски уметности свечено ќе бидат отворени 21-те студентски средби СКОМРАХИ кои ќе траат до 10 ноември. Првпат годинава се тематски – посветени на Стриндберг, по повод одбележувањето 100 години од неговата смрт.

Токму за овој фестивал ова дело е првпат директно преведено од шведски на македонски, албански и на турски јазик. Вечер ќе биде извдено на македонски,а истиот текст на „Пеликан“ на четирите јазици ќе биде изведен од студентите од регионот на последната фестивалска претстава.

Деканот на Факултетот за драмски уметности Лазар Секуловски на прес-конференција информираше дека СКОМРАХИ првпат почнува да работи ваков тематски проект, во соработка со Шведската амбасада. Тој нагласи дека основна идеја на интернационалните студентски средби СКОМРАХИ веќе 20 години е размена на искуствата меѓу студентите, но и професорите.

На СКОМРАХИ годинава учествуваат 12 факултети од Скопје, Приштина, Белград, Тирана, Стокхолм, Софија, Сараево и од Загреб, заедно со програмата резервирана за филмските проекции.

Шведскиот амбасадор Ларс Валунд на прес-конференцијата истакна дека Стриндберг спаѓа во златната ера на скандинавската уметност и литература кога таа доминирала како никогаш порано. Во рамки на СКОМРАХИ ќе бидат одржани и три тематски работилници поврзани со Стриндберг

Би можело да ве интересира

Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ЈЕТА, нов роман од Ивана Трајаноска во Или-Или

„Матица“ го објави „Замир“ – силен роман на Хакан Ѓундај што веднаш влезе и во „Априлско разлистување“

Почина сликарот Илија Пенушлиски