Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од:

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија.

Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Би можело да ве интересира

Викендов почнува зимското сметање на времето

Потсетување за завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година

Почна зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето почнува викендов

Ноќеска почнува летното сметање на времето

Почнува зимското сметање на времето

Ана Ололовска