Почнува запишувањето во средно образование во 2015/2016 година

Од:

Почнува запишувањето на полуматурантите во средно образование кое е задолжително во Македонија.  Утре и задутре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување  ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.

Според Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март, второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29-ти и 30 јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 1 јули.

Во Конкурсот, објавен на веб-страницата на МОН www.mon.gov.mk, се наведени слободните места за гимназиско, стручно и уметничко образование во средните училишта во Град Скопје и во сите општини во државата, условите за запишување и критериумите за избор на кандидатите, потребните документи и конкурсните рокови.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување, ќе продолжат да запишуваат ученици до 27 август 2015.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование