• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

by А1он10/11/2020 - 08:52503
Share0

Бесплатната вакцинацијата против сезонски грип почнува денеска во шесте поликлиники на територија на град Скопје и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански во рамки на Здравствен дом Скопје. Вакцинацијата ќе се одвива секој работен ден во периодот од 14 часот до 19 часот, информираат од Здравствен дом Скопје.

Добивај вести на вибер

Министерството за здравство минатата недела соопшти дека вкупно се набавени 40.000 дози на четиритипни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација на ризичните групи во кои спаѓаат стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години. Вакцините се производ на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.

Од Центарот за јавно здравје Скопје велат дека кај нив денеска почнува и вакцинацијата против сезонски грип со комерцијални вакцини кои чинат 800 денари. Вакцинацијата со овие вакцини ќе се одвива секој работен ден од 07:30 часот до 18 часот. Комерцијални вакцини против сезонски грип набавија и центрите за јавно здравје во другите градови, каде ќе се врши вакцинирањето.

grip

Би можело да ве интересира

70 деца на лекување во Козле, 15 со компликации од грип

Горан Наумовски20/01/2026 - 13:51

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Горан Наумовски20/01/2026 - 13:01

Почина пациентка од грип, уште двајца пациенти на респираторна поддршка на Инфективна

Горан Наумовски14/01/2026 - 21:3014/01/2026 - 21:31

Грипот го достигнува пикот – Клиниката во Козле е речиси со комплетно исполнет капацитетот

А1он08/01/2026 - 15:3008/01/2026 - 15:32

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

Горан Наумовски13/03/2025 - 17:24

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Горан Наумовски27/02/2025 - 10:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен