Почнува „Скопско лето“

Од:

Вечерва се отвора 33-то „Скопско лето“. Чест да настапат први ќе имаат Софиската филхармонија и солистот Ана Кондратенко на виолина, а диригенската палка е во рацете на Борјан Цанев .

На 65 настани ќе продефилираат врвни и реномирани уметници.

„Ќе има можност да се проследат над 26 меѓународни концерти на повеќе од 20 локации. „Скопско лето“ треба да го приближи културниот живот на регионот. Ќе има и програма од централниот дел на Европа. На „Скопско лето“ ќе се одржат и изложби меѓу кои е и онаа на девет жени фотографи, рече Мирко Стефановски, директор на „ Скопско лето“.

Че настапат и ученици од МБУЦ „Илија Николовски Луј“, кои ќе одржат рок класика концерт.

Македонскиот балет ќе се претстави балетот „Самсон и Далила“.

На „Скопско лето“ најавена е и премиера на претставата „Госпоѓица Јулија“ на Македонскиот народен театар.

„Скопско лето“ ќе биде затворено на 31 јули во Куршумли Ан со настап на „Леб и сол“ и оркестар од гудачи.

Би можело да ве интересира

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Десет претстави на „Денови на комедијата“

Сотирис Минас доаѓа во Македонија

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров