Почнува школската година за основците и средношколците

Од:

За околу 280.000 основци и средношколци заврши летниот распуст и за нив почнува новата 2014/2015 година. Првпат во училишните клупи ќе седнат и околу 19.000 првачиња.

Учебната година почнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници поради појавата на зараза од жолтица во неколку општини.

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и  неговиот заменик Спиро Ристовски денеска во основното училиште „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров ќе ги промовираат новите учебници по предметите „математика“ и „природни науки“ за учениците од прво до трето одделение. Учебниците се изработени врз основа на наставните програми на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, адаптирани на македонските национални особености.

Покрај тоа, ќе присуствуваат и на пуштањето во употреба на новиот објект на основното училиште „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево, изграден со средства обезбедени од страна на Владата на НР Кина.

Ресорниот министер Адеми ќе го посети и реконструираното основно училиште „Бајрам Шабани“ во село Долно Свиларе, општина Сарај.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март