Почнува онлајн кампања за медиумска писменост

Од:

За што ви е потребна медиумската писменост, како таа се однесува на образованието, медиумите, филмот, библиотеките, што значи да си новинар, одговорност во онлајн просторот, говор на омраза, гласини, интеркултурни комуникации, се дел од прашањата на кои Мрежата за медиумска писменост ќе се потруди да одговори преку својата најнова онлајн кампања која почнува денеска.

Од Мрежата за медиумска писменост појаснуваат дека во следните десет седмици, секој работен ден, ќе се споделува по еден постер со информации со цел да се подигне свеста за потребата од критичко користење на медиумите и медиумските содржини.

-Со кампањата се отвораат два нови канали за комуникација на Мрежата со граѓаните преку Твитер @MediumPismenost и на Инстаграм @mrezazamediumskapismenost, односно постерите ќе бидат објавувани преку нив, како и преку Фејсбук пејџот на Мрежата @MrezaZaMediumskaPismenost, се наведува во соопштението од Мрежата за медиумска писменост.

Кампањата се реализира по повод четвртата годишнина од формирањето на Мрежата, која формално беше основана на 27 април 2017 година, на иницијатива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска