Почна средбата на четворицата политички лидери со Хан и Вајгл

Од:

Средбата меѓу четворицата лидери на најголемите македонски политички партии и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан за постигнување договор за ставање крај на политичката криза во Република Македонија, предмалку во зградата „Берлемонт” на Европската комисија во Брисел, стартуваше во полн состав.

Иако првично беше предвидено Хан да има на почетокот билатерални средби со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а потоа и со премиерот Никола Груевски, сепак, пред половина час, двајцата, седнаа на заедничка маса заедно со известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент Иво Вајгл, како и лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети.

Како што извести портпаролката на Еврокомисијата Маја Коцијанчич, четворицата македонски лидери плус Хан и Вајгл, седнаа веднаш на маса со цел да постигнат договор во однос на прашањата од постигнатата рамка на минатонеделниот состанок во Скопје.

Би можело да ве интересира

Захариев: Можно е да недостигаат шприцеви и ракавици поради кризата во Иран

Горан Наумовски

Дмитриев: Бирократите на ЕУ ја игнорираат најголемата енергетска криза во историјата

Горан Наумовски

На Косово му се заканува институционална криза, најголема од прогласувањето на независноста

Здравствената криза во Газа е катастрофа што ќе трае со генерации

Хазин: Светска војна е можна само по финансискиот колапс на САД

Песков: Сакаме да ја решиме украинската криза со политички и дипломатски средства