Почна реконструкцијата на три улици во Делчево

Од:

Почна реконструкцијата на улицата „Светозар Марковиќ” во централното градско подрачје на Делчево, која е една од нафреквентните и најоштетените улици во градот. Како што истакна Горан Петровски, раководител на Одделението за урбанизам во општина Делчево, ќе се асфалтира улицата по целата должина од 540 метри.

– Откако се надминаа сите предизвици во врска со регулирање на подземните инсталации и јавна инфраструктира, изградба на нова атмосферска канализација, реконструкција и доградба на фекалната канализација, изградба на нов крак на водоводна линија, во изминатиот период се направени подготовки за конечно, започнување на работите на терен. Улицата „Светозар Марковиќ” е една од најважните сообраќајници во Делчево и беше утврдена како најприоритетна улица за реконструкција во изминатиот период, бидејќи е од особено значење за економската перспектива на градот во иднина, истакна Петровски.

Тој додаде дека паралелно со оваа улица ќе се работи и на уште две улици во градот.

– Во проектот за изградба на улици во овој пакет, е и изградбата на улицата „Питу Гули“ во должина од 380 метри, како и улицата „Маршал Тито“ во должина од 24 метри, на која паралелно ќе се изведува и атмосферска канализација. Апелираме на разбирање и трпение од страна на сите граѓани кои гравитираат кон овој дел од градот, во врска со почитување на утврдениот времен режим на сообраќај на самата улица, се со цел на нејзино ефикасно реконструирање и избегнување на несакани последици, потенцираше Петровски.

Вкупната инвестиција за реконструкција на трите улици изнесува 12,7 милиони денари, а средствата се донација обезбедена преку Министерството за финансии од Светска банка.

Градежните работи на трите улици треба да завршат до крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија