Почна изловување на рибата од Слатинското езеро

Од:

Од Слатинското езеро денеска почна изловувањето на рибниот фонд, кој во специјални садови со кислород ќе биде транспортиран и пуштен во Требенишко езеро и во околните реки, а еден дел ќе биде пренесен во Хидробиолошкиот завод во Охрид, каде ќе остане додека не се санира оштетената брана.

Изловувањето е со цел да се заштити рибата од еколошка катастрофа, бидејќи во оштетената земјена брана во моментов има уште околу еден метар вода. Езерото е богато со крап, мрена, плашица, пастрмка, јагула, грунец…

По санирањето на браната, рибите ќе бидат вратени во езерото, информира Трајче Талевски од Хидробиолошки завод-Охрид.

– Еднаш ова беше направено во 1994 година, кога исто така беше оштетена браната. Тогаш по санацијата беше изловен крап од Охридското Езеро кај Љубаништа и беше порибено Слатинското. За жал после 20 години се случува истото, истакна Талевски.

Би можело да ве интересира

Над 500 килограми риба изловени од Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Ќе се пренесат рибите за да се избегне еколошка катастрофа во Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Да се избегнува движење кај браната на Слатинско Езеро

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Надлежните институции да го спасат Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Состојбата на браните Пишица и Слатино се уште критична

Ана Ололовска

Се урна браната во Слатино

Ана Ололовска