Почна изградбата на дел од фекалната канализација во новата населба Пролет во Делчево. Во моментов екипи на ЈПКД „Брегалница“ работат на изградба на фекална канализација во должина од 300 метри при што се поставуваат цевки Ф-200.
Поради специфичната конфигурација на теренот, поставувањето на цевките се извршува со претходно изработени насипи и тампонирање.
Од страна на општина Делчево се обезбедени цевки, цемент и арматура, а капаци за шахтите ќе бидат обезбедени по завршување на јавната набавка.
Имено, во новата населба има дел од инфраструктурата поставена за водовод и канализација на која се надоврзуваат новите линии, а отпочната е и постапка за експропријација на дел од улиците на кои ќе биде изградена канализацијата.
Градоначалникот Горан Трајковски, кој денеска направи увид во текот на работите, истакна дека приоритети за општината е решавање на ифраструктурните потреби во новата населба.
-Оваа линија ќе ги задоволи потребите на веќе изградените објекти, но Општината ќе продолжи со изградба и на другите инфраструктурни објекти, водоводна мрежа и мрежа за улично осветлување. Станува збор за нова населба, која е проектирана и ќе биде атрактивна, во близина на централното градско подрачје, предвидени се поголем број на градежни парцели за изградба на куќи за индивидуално домување. Наша обврска и приоритет е во најскоро време да се решат сите инфраструктурнои потреби на жителите на оваа населба, рече Трајковски.
Приоритети за решавање остануваат инфарструктурните потреби на населбите Басарица и Звегорска Река.