Во кавадаречкото село Ваташа денеска започна изградбата на нова црква „Свети Архангел Михаил”, во близина на селските гробишта.
– Сите христијани кои се во можност треба да учествуваат во изградбата на оваа црква која ќе овозможи во близина на гробиштата да се обавуваат верските обичаи за покојниците од Ваташа, рече митрополитот повардарски Агатангел.
Ова ќе биде втора црква во селото Ваташа, а ќе се гради во близина на местото на кое некогаш постоела стара помала црква.