Почна Баскерфест 2016

Од:

Синоќа на плоштадот Македонија почна Фестивалот на уличен театар под отворено небо – Баскерфест 2015, кој годинава во Скопје ќе трае од 10 до 19 јуни.

Баскерфест, уличниот театар под отворено небо и годинава ќе ни донесе атрактивни баскер изведувачи од целиот свет. Од 10 јуни па се до 19 јуни, во Скопје на градскиот плоштад „Македонија“, а и во повеќе градови низ државата ќе има многу улични перфморманси, баскер точки и музички настапи.

Програмата се одвива на три бини, а во вечерните часови на истото место планирани се настапи на повеќе музички групи и пивска градина. Фестивалот го отворија: магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер.

Посетителите секојдневно од 19 часот, па се до доцните вечерни часови ќе имаат можност да се забавуваат и дружат заедно со над 100 артисти од целиот свет: Мексико, Бразил, Јапонија, Америка, Нов Зеланд и Шпанија.

Во Скопје, како и низ градовите во Македонија ќе гостуваат жонглери, акробати, танчери, магионичари, кловнови, илузионисти, музичари.

Фестивалот почна со парадата составена од учесници на фестивалот што тргна од пред хотел Бристол и движејќи се по улица Македонија стигна до Плоштад Македонија, а го отворија: магионичарот и илузионист Мистер Бугинага, светски познатиот танчар Суад Демировиќ и германскиот мајстор за комедија, Вили Вондер.

Би можело да ве интересира

Во Велес по петти пат „Баскерфест“

Наум Локоски

Баскерфест и Гурмански викенд во Кавадарци

Емир Латифовиќ

Започнува Баскерфест

Утре почнува 10. „Баскерфест“

Емир Латифовиќ

Утре започнува БАСКЕРФЕСТ во Скопје

Емир Латифовиќ

„Баскерфест“ во Гевгелија

Емир Латифовиќ