Починат бездомник од Велес два дена нема кој да го погреба

Од:

Педесет и четиригодишен бездомник од Велес, кој вчера утрото починал на нервното одделение во велешката Општа Болница, речиси два дена нема кој до го погреба.

Починатиот Д.М., кој бил со валидна лична карта во болницата бил примен на 31 август каде престојувал на нервното одделение се до вчера, каде и починал.

Како што појасни Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, бидејќи се работи за бездомник тие се обратиле до надлежните во општина Велес, СВР Велес и Центарот за социјални работи, но никој не сака да го преземе неговото тело и да го погреба.

По дводневно настојување до ЈКП „Дервен“, директорот на ЈКП Дервен попладнево во 15,20 часот најавил дека одлучиле да го превземат мртвото тело и сместат во ладилник на ЈКП „Дервен“ кај Раштани.

Починатиот таму ќе остане до разврска на настанот и наоѓање на гробно место за погребување, појасни Андова.

– Ние во кругот на болницата имаме една морга каде мртвите ги чуваме до два часа додека ги преземе семејството. Поради тоа што мртвито тело беше во моргата на болницата повеќе од 32 часа имаше опасност од зараза на просторијата, бидејќи тој почина од малигна болест канцер, појасни Андова.

Нагласи дека и покрај преземањето од ЈКП „Дервен“, останува се уште проблемот каде да се погреба починатиот.

– Проблемот е што тој има семејство. Една сестра која не била во материјална можност да ги сноси трошоците за погреб и купување на гробно место, појаснува Андова.

Неговите родители биле погребани во село во велешко, чии православни гробишта биле преземени од жители на село Бузалково каде живее муслиманско население.

Појаснува дека 54-годишниот Д.М. живеел како бездомник под мостот и во напуштени гаражи. Но проблемот е во тоа што не бил регистриран како бездомник ниту корисник на социјална или друг вид на парична помош.

– Од општина Велес ни појаснија дека не можат да го погребаат бидејќи сега починатиот не е регистриран како бездомник или корисник на социјална помош, а има и семејство-сестра. Инаку освен социјални случаи општина Велес врши и погребување на мигранти, појасни Андова.

Андова апелира до надлежните сепак да изнајдат начин и бидат хумани и да овозможат пристојно почивалиште на починатиот сограѓанин.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ