Почина Светлана Антоновска, прв директор на Државниот завод за статистика

Од:

По кратко и тешко боледување денеска почина Светлана Антоновска (65) – основоположник на современата статистика во самостојна Република Македонија и прв директор на Државниот завод за статистика по осамостојувањето на земјата.

Како статистичар, покрај извршувањето на својата раководна функција до 1997 година и во периодот од 1998 до 2001 година, Антоновска беше активен пропагатор и основоположник на унапредувањето на статистичката методологија во Република Македонија, како и за имплементирање на стандардите, класификациите и номенклатурите кои се применуваат во статистичките истражувања во Европа и во светот.

Посмртните останки на Светлана Антоновска ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, на 9 октомври 2016 година (недела), од 12 до 13 часот. Погребот ќе започне во 13 часот.

Би можело да ве интересира

Во Македонија жените се подолговечни од мажите

Горан Наумовски

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто

ДЗС: Поскапеа услугите за транспорт и складирање, но и телекомуникациите

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени

Горан Наумовски

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто

Трошоците на живот во март бележат зголемување од 2,7 отсто на годишно ниво