Почина познатата македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова

Од:

Почина познатата македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова, по долго боледување, на 82 годишна возраст.

Погребот ќе биде утре на скопските гробишта Бутел. Блиските, пријателите, колегите и почитувачите на делото на Мисиркова – Руменова ќе се простат со неа во капелата на гробиштата Бутел од 10:30 до 11:30 часот.

Ката Мисиркова – Руменова зад себе остави богат творечки опус. Родена е на 14 септември 1930 година во село Постол, Егејска Македонија. Членка на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1966 година.

Ката Мисиркова – Руменова е автор на преку 40 дела, меѓу кои: „Жешка земја”, „Големите атови”, „Пранги”, „Длабокиот рез”, „Милосија”, „Мајка Которичанка”, „Записи за Пела”, „Илинденски раскази”, „Скаменета солза”, „Плач пред ѕидот”, „Белегзија” и многу други.

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности