Утрово почина 22 годишното момче од сообраќајката кај Рампа, кое на својот мотоцикл со возило беше удрено од Дејан Митровски-Урко, поранешен телехоранител на Никола Груевски.
22 годишното момче беше примено во Градската болница пред пет дена со тешки повреди, и цело време беше приклучено на машина за дишење.
Министерот за внатрешни Митко Чавков пред неколку дена најави дека записниците од сообраќајната несреќа се комплетирани и веднаш ќе бидат испратени во ЈО, но крим техничарите се уште ги вештачат моторот и БМВ-то, велат извори од полицијата.
Според првичните информации, Митровски направил прекршок поминувајќи на две полни линии во моментот кога го удрил мотоциклистот.