Почина Љупчо Грнчиштанов – инспектор обвинет во случајот „Пулс“

Од:

Јавното обвинителство информира дека е известено за смртта на поранешниот генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, Љупчо Грнчиштанов, кој беше опфатен со обвинението за трагедијата во Кочани.

Како што соопштија од Обвинителството, лицето починало откако му се слошило во домашни услови, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта.

Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување.

Во рамки на судската постапка за трагедијата, тој беше обвинет за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, заедно со уште 37 други обвинети.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува на 25 јуни со изведување материјални докази од Обвинителството.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Обвинителството откри сериозни противречности во исказаот на вештакот на одбраната, велат родителите на жртвите од „Пулс“

Катерина Ѓуровски

„Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај

Продолжува судењето за „Пулс“

Судење за „Пулс“: Вештакот на одбраната тврди скалите и галеријата на дискотеката биле занаетчиски работи, Обвинителството укажува на градење без проект

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се изведуваат докази на одбраната

Одбраната ќе изведува докази на судењето за пожарот во „Пулс“

А1он