Почина академик Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на МАНУ

Од:

Академик Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на Македонската академија на науките и уметностите почина денеска на 100-годишна возраст.

Академик Филиповски, заедно со академиците Блаже Конески и Харалампије Поленаковиќ, биле тројцата членови на првата Комисија задолжена за формирање на МАНУ. Институцијата е основана на 23 февруари 1967, а прв претседател бил Конески.

Академик Филиповски важи за основоположник на современите педолошки истражувања во земјава. Неговите најзначајни активности од наставно-научната и општествена дејност се и сведоштво за почетоците на формирањето на првите високообразовни институции во земјава како Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Земјоделско-шумарскиот факултет, МАНУ.

Во мај годинава, МАНУ со голема свеченост ја одбележа 100-годишнината од неговото раѓање. Витален и луциден, со шеги на своја сметка за годините, академик Филиповски стоечки, без подготвен говор говореше за почетоците, за историјата, и не заборави никого за да се заблагодари.

Комеморацијата за Академик Ѓорѓи Филиповски ќе биде одржана утре, 23.12.2019 година во просториите на МАНУ во 11 часот, а погребот е во 13 часот.

Би можело да ве интересира

Почина режисерката и актерка Милиана Ленак

Татјана Ташкова

Почина Жарко Луковски

Почина писателката и новинарка Душица Илин-Шеќеровски

Почина Иво Лауренчиќ, легенда на македонскиот и регионалниот маркетинг

Емир Латифовиќ