Почесна титула од Универзитетот „Мајка Тереза“ за нобеловецот Ферид Мурад

Од:

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска организира свеченост по повод доделување на титулата „Почесен доктор на науки“ на Ферид Мурад, светски познат лекар, фармацевт и нобеловец со потекло од Македонија.

Ферид Мурад, кој во 1998 година доби Нобелова награда за физиологија и медицина, роден е во 1936 година во Индијана, САД. Има потекло од гостиварското село Лакавица, каде бил роден неговиот татко.

Автор е на голем број научни трудови од областа на клиничката фармакологија. Во негова чест гостиварската општа болница го носи неговото име.

На настанот по повод доделувањето почесна титула денеска на Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе присуствува министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска