Побаран притвор за лице кое чувало рачна бомба во Арачиново

Од:

Обвинителството побара притвор за лице од скопско Арачиново, откако завчера при претрес на неговиот дом во фиока во плакар во шупата била пронајдена рачна бомба.

-Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес на домот на осомничениот во Арачиново, на 18 октомври, во фиока во плакар кој се наоѓал во шупата, била пронајдена експлозивна направа – рачна бомба модел Ф1, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител му предложил на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка притовр за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Скопјанец пронајден мртов во стан на булеварот „Партизански одреди“, нема траги на насилство

Ана Ололовска

Кривична пријава за седум лица за насилството во Матка

Ана Ололовска

Пукање пред угостителски објект и градинка во Скопје, едно лице повредено

Ана Ололовска

Жител на неготински Тремник пријавил соселанец оти му го натепал детето

Ана Ололовска

Седумгодишник паднал од тераса во Кавадарци, пренесен на скопските клиники

Ана Ололовска

Во „сканија“ на автопатот Гевгелија – Демир Капија пронајдени 113 мигранти

Ана Ололовска