По Вања се уште се трага, не е вистина дека била најдена во соседна држава

Од:

Министерството за внатрешни работи се уште трага по 14 годишната Вања Ѓорчевска. Од таму за А1он велат дека не е точна веста објавена на некои портали дека била најдена во соседна држава, а потрагата се уште трае.

Вања Ѓорчевска е пријавена како исчезната откако утрото од дома заминала на училиште, каде не се појавила, по што беше пријавено во полиција и почна потрагата.

Последниот сигнал од нејзиниот мобилен телефон пак, беше лоциран на булевар Партизански одреди, спроти Универзалната сала.

Во потрагата освен полицијата се вклучија и граѓани, а фотографии со нејзиниот лик се залепени низ целиот центар на Скопје. Вчера во потрагата се вклучи и ловечката федерација, која ја бара Вања на непристапни места.

Би можело да ве интересира

Голема потрага по младиот Диме Стојамиров од селото Тремник

Горан Наумовски

Со денови се трага по исчезнатото повозрасно лице од штипското село Степанци

ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф

Полицијата трага по возач кој повредил жена во сообраќајка во Тетово

Горан Наумовски

Taткото насекаде ја барал 14-годишната ќерка, таа му се јавила од друга држава

А1он

Полиција трага по 20-годишна девојка од Скопје