По случајот со силуваното девојче, директорот на домот „25 Мај“ поднесе оставка

Од:

Директорот на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“, Стевчо Соколовски, денеска поднесе оставка од морални причини. Министерството за труд и социјална политика вели дека продолжува да го испитува случајот. Комисијата веќе утврдила дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на Р.И. Моментално се истражуваат сите други елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето.

„Очекуваме МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва. Во оваа пригода би сакале да потенцираме дека преку случајот на Р.И. се покажуваат аномалиите на разрушениот систем на социјална заштита, особено кога станува збор за деца во специфичен ризик. Евидентна е потребата од подобра координација меѓу сите институции и воспоставување систем кој вистински ќе ги заштити децата од социјален ризик“, велат од МТСП.

Во таа насока, Министерството за труд и социјална вели дека интензивно работи на процесот на деинституционализација. Според нив, до средината на 2018 година ќе почне трансформацијата на установите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови. Оваа реформа ќе овозможи индивидуален пристап кон секое дете, подобра грижа и значително намалување на ризикот од вакви несакани настани.

К. Л.

Би можело да ве интересира

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Момче силувало малолетно девојче