По девет месеци ќе му се суди на градоначалникот на Старо Нагоричане

Од:

По девет месеци од сообраќајната несреќа во која беше прегазен Срѓан Лазаревски, од страна на градоначалникот на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ, тој ќе биде на обвинителна клупа, јави Канал 5.

Јовановиќ се товари дека во април со своето службено возило го прегазил Лазаревски но не му укажал помош.

Градоначалникот остана на својата одбрана во која вели дека не го извршил делото.

Тој кажа дека критичната ноќ со службената „шкода октавија“ поминал порано по улицата каде што се случила несреќата и тврдеше дека не удрил никого.

Утредента кога тргнал на работа ја напумпал издишаната гума кај вулканизер, но не забележал никакви други оштетувања на автомобилот иако според обвинението на службеното возило му била оштетена предната маска, браникот, десниот фар и едната врата.

Би можело да ве интересира

Проширена е истрагата против 25-годишниот овчар – сериски убиец од Старо Нагоричане

Проширена е истрагата за осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане, ќе се врши нова ексхумација

Судската медицина потврди: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт

Горан Наумовски

Oсомничениот сериски убиец е зад решетки, а во Старо Нагоричане се уште владее страв и неизвесност

А1он

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он

Пожари на повеќе локации во општина Старо Нагоричане