(ВИДЕО) Шиптариштава многу ме нервираат, да се расчисти со нив треба

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави снимки за кои посочи дека се помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, како и помеѓу Гордана Јанкулоска и Влатко Илиевски.

Според Заев од снимките се гледа за меѓунационалната нетрпеливост која ја создава власта.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Абе јас сеа на муабетот вие уште не ми ја доставивте систематизацијата од кај вас
СМ: Затоа што три пати му ја вратив на Тони не ја прават како што треба
ГЈ: Не не добро ок ако е до тебе ја викам знаеш што да не стои кај некој друг
СМ: Кај мене и овој заменикот ја бара вика амо може да ја видам сега незнам што бара дали бара се комплет имиња и презимиња
ГЈ: Абе они многу почнаа да барат
СМ: 5 години ги ескивирам по таа работа да ти кажам
ГЈ: Да де да многу почнаа да барат у специјална да виделе кој е кај тебе да виделе кој е ги гледам ептен така сакаат да…
СМ: Незнам што ќе се прави со нив
ГЈ: На сила тераат
СМ: Решение има само немаме ние концензус, инаку имаш решение одма се наоѓа
ГЈ: Јас сум за такво решение да ти кажам искрено, еднаш да расчистиме ај со здравје
СМ: Јбг тоа ти е
ГЈ: Јас да ти кажам исто на шиптариве за буџет за такви работи ништо не им давам материјали така да чисто да си знаеш нема што сега они да гледаат на кого плаќаме и колку плаќаме
СМ: Нормално да
ГЈ: Да де
СМ: Се согласувам
ГЈ: Ги гледам знаеш по другиве министерства да седнеме за проектите за ова она, нема бре што да седнуваме, ќе седниме да видеме тие лични карти, возачки дозволи нема проблем ќе си седнам ја со нив, ама друиве работи не им давам бројки
СМ: Така е се согласувам
ГЈ: ОК
СМ: Добро у 6 саат се гледаме
ГЈ: У 6 се гледаме и тоа е тоа
СМ: Важи
ГЈ: Ајде Чао чао

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Влатко Илиевски

ВИ: Да.
ГЈ: Влатко што правиш?
ВИ: Добро бе еве, пишувам нешто. Ти?
ГЈ: Ништо, со шиптариштава се расправам.
ВИ: Хм. Да не имало прес, или не?
ГЈ: Не.
ВИ: Добро.
ГЈ: Друго?
ВИ: Па не знам, ништо посебно.
ГЈ: Па добро, пишувај.
ВИ: До кога ќе се задржиш?
ГЈ: Па имам еден состанок у 6, па после тоа ќе си дојдам. Ти?
ВИ: Па не знам, и ја имам работа.
ГЈ: Кутриот. Шиптариштава многу ме нервираат.
ВИ: Не ги третирај ич.
ГЈ: Не, ама како може да бидат бе толку глупи?
ВИ: Тие од еден маскембал направија проблем, не од ова. Што очекуваш?
ГЈ: Од што направија проблем?
ВИ: Од маскембалон.
ГЈ: А да, племе невидено.
ВИ: Тоа ти е, косоваризација на Македонија се случува од 2001 навака.
ГЈ: Да, знам. Така. Добро, тоа сакав.
ВИ: Ајде.
ГЈ: Ајде, чао.
ВИ: Чао.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во авто-перална во СКопје

Повторно дојави за бомби во скопски училишта, се евакуираат учениците

Катерина Ѓуровски

Дојавата за бомба во скопска гимназија е лажна, превентивно се евакуирани и други училишта

Нова закана за поставена бомба во скопско училиште

Горан Наумовски

Дојави за бомби попладнево стигнале во девет скопски училишта, се евакуираат учениците од втора смена

Маја Илиевска-Пачемска

Нова дојава за бомба, се евакуираат ученици од средното училиште „Јосип Броз“ во Скопје

Маја Илиевска-Пачемска