Планирани три прскања против комарци во летниот период во Делчево

Од:

Во Општина Делчево за летниот период планирани се три теристички прскања против комарци согласно Програмата за заштита и превенција на населението од вектор преносливи болести.

Како што изјави денеска Кире Цоневски, советник за заштита и спасување во Општина Делчево, земјените прскања ќе ги вршат стручни екипи од Центарот за јавно здравје од Скопје, кои деновиве биле избрани преку електронски тендер.

– Планирани се три прскања во рамки на Програмата, а по потреба ќе се организираат и повеќе вакви акции за дезинсекција и заштита на населението. Првото теристичко прскање е планирано за почетокот на јули при што ќе бидат опфатени критичните места на површина од 100 хектари. Планирани се прскања покрај реката Брегалница, по главните реонски улици, но и во руралните средини, рече Цоневски.

Тој додаде дека наредните две прскања ќе се организираат кон крајот на јули и почетокот на август.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево