10-от, јубилеен „Пивофест“, може да почне. Во градот под Марковите кули се е подготвено за „Пивофест 2012-та“.
Патот на сите кои сакаат музика и дружба, пиво и скара водат кон Прилеп. Градот ќе ги прими сите добронамерници на Фестивалот на пивото , и на еден од 33-те штандови ќе може да да дегустираат повеќе од 30 видови на пиво.
Се очекуваат над 350.000 гости од Македонија, соседните земји но и наши иселеници.
Вечерва е свеченото отв орање, а до доцна во ноќта забава со С.А.Р.С, Дубиоза колектив, Conquering Lion .
Петокот е резервиран за сладокусците на музиката, кои ќе уживаат во изведбите на Влатко Стефановски, Есма Реџепова и Кирил Џајковски.
Ех ЈУ ѕвездите, Мирослав Илиќ, Џеј Рамадановски и Жељко Јоксимовиќ ќе ги забавуваат гостите бо саботата, а неделата е резервирана за Наум Петрески, Петар Грашо и Лепа Брена.
Екипата на А1 ќе биде во Прилеп и редовно ќе ве информира за се што се случува и на сцената и на подготовките. А1 ќе биде меѓу народот и со музичките ѕвезди.
Забавата, може да почне!