Пита пастрмајлија од 3,5 метри на „Велешка питијада 2015“

Од:

Пита пастрмајлија долга 3,5 метри е подготвена на 5. „Велешка питијада 2015“. Според организаторите, за една вечер на 37-те штанда на питијадата биле продадени 10.200 велешки пити пастрмајлии и 3.150 литри македонски вина.

Џиновската пита и годинава, како и лани, ја направија  мајсторите од пекара „Којник“ Александар Миладиновски, Аце Брлев, Орце Димовски и Сашко Стојков. Лани питата  беше 3 метри и 20 сантиметри, а е подолга, 3,5 метри. За нејзина подготовка биле потребни 5 часа, а за печење во фурната на дрва еден и пол час. Употребени  се 22 килограми тесто, 21 килограм свинско месо, пастрма и 200 јајца.

– Самото печење е тајна на нашата пекара „Којник“, а ние се трудиме да не загори и била вкусна за јадење според древниот рецепт на нашите претци стар скоро 150 години. Догодина планираме питата пастрмајлија да биде долга 4 метри,најави Миладиновски.

Собраните средства од продажбата на питата пастрмајлија  во касата на Општинската Организација на Црвен крст ќе бидат наменети за хуманитарна цел и помош на некое велешко семејство, информира велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.

Би можело да ве интересира

Заврши велешката „Питијада 2015“

Ана Ололовска

На „Питијадата 2013“ направена џиновска пита пастрмајлија

Емир Латифовиќ