31-годишен скопјанец е приведен откако ја нападнал 17-годишната партнерка со која живеел во вонбрачна заедница.
– ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“. Тој, на 14.02.2026 околу 18:00 часот во Струга со нож нападнал 17 – годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди, извести МВР.
Напаѓачот е приведен и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта.
