Петровска за Сејдиу: Нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана

Од:

„Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката“.

Ова во изјава за МИА го рече министерката за одбрана Славјанка Петровска како коментар на ставот на Општина Желино на писмото од МО со барање за поставување споменик за десетмината убиени во масакрот кај Карпалак пред 22 години.

Градоначалникот на Желино Блерим Сејдиу кажа дека Петровска треба да се обрати до Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на споменикот.

– Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја – вели Петровска.

Таа додава дека „во услови кога градбите на пола општина му се дивоградби не е баш умесно да ми дава правни совети“.

Би можело да ве интересира

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак, нивното дело и пожртвуваност се памети

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Десетмината прилепски бранители убиени кај Карпалак загинаа за татковината