Петров: „Работно лето“ предизвикува нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Иако се соочуваат со притисоци, заканувања и уцени, граѓаните масовно се приклучија кон овој проектот „Работно лето“, со што дојдовме до одлични предлози и решенија и затоа слободно можеме да констатираме дека Македонија навистина ова лето крева глас“, рече Андреј Петров.

Одлучивме, рече, работното лето да го продолжиме и во наредниот период. Со новиот распоред, проектот ќе трае и во текот на август, септември и октомври и тоа со следната динамика:

Следниот викенд, партијата се сели во Охрид каде ќе го промовира кандидатот за градоначалник Александар Петрески.

Поради чествување на илинденските празници, наредниот викенд односно 4и 5 август,СДСМ нема да има партиски активности, а воедно ги повика сите членови, активисти и подржувачи, да земат активно учество во чествувањето на овој голем македонски празник, на достоинствен начин и без партиски обележја.

Потоа, рече Петров, учесниците во проектот „Работно лето“, ќе добијат заслужен одмор од една седмица.

„Оние кои сакаат да го фотографираат партиското раководство при нивните одмори, ги информираме дека во тој период ќе имаат можност за тоа“, рече Петров.

Второто полувреме од работното лето го започнуваат на 19-ти август со посета на Крушево и околните места. На 26-ти август, партијата се сели во Ресен и преспанската околина, а на 2-ри септември, Кавадарци и околните места. На 8-ми септември поради државниот празник нема да има партиски активности, а на 16-ти септември на ред е Битола.

„Распоредот за понатамошните посети ќе биде дополнително објавен, но секако големиот митинг во Скопје, кој ќе означи кулминација на работното лето, согласно новиот распоред го закажуваме на 28 Октомври, кога ќе ги промовираме кандидатите за градоначалници на сите скопски општини, како и кандидатот за градоначалник на Скопје.Свесни сме дека овој проект предизвикува голема нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ, која произведува агресивна, плукачка и долна кампања од страна на нивната пропагандна машинерија. Очекуваме дека со продолжување на активностите од проектот „работно лето“, истата само ќе се засили. Тоа само ни покажува дека сме на вистинскиот пат и во оваа прилика сакаме да порачаме. Слободно ВМРО, нека се бави со СДСМ. Додека тие се бават со нас, ние ќе се бавиме со проблемите на граѓаните“, рече Петров на прес конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата