Петгодишно девојче почина од пандемски грип

Од:

На Детска клиника синоќа е примено петгодишно девојче од Скопје, кое претходните 3 дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле. Поради влошување на респираторните симптоми детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки, тоа починало синоќа во 23:30 часот, по 13 часа престој на Клиниката.

„Поради влошување на состојбата со појава на невролошки симптоми (нарушена свест, конвулзии) детето е префрлено на Клиника и првично примено на одделот за неврологија. Веднаш е свикан конзилиум, земени се лабораториски иследувања и поради тешката состојба со засегнување на мозокот и црниот дроб, префрлено е на одделот за интензивна нега и терапија. Лабораториски се потврди пандемски грип – H3N1 Influenca A“, велат од Клиниката.

Како што се наведува, дадена е терапија со тамифлу, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија, но безуспешно.

Детето, велат од Клиниката, претходно често се следело и лекувало во Институтот во Козле и на Клиника со дијагноза астма.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски