Петар Темелковски ја доби наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2012

Од:

Актерот Петар Темелковски е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2012, едногласно одлучи жирито во состав: Јордан Витанов, Ѕвездана Ангеловска и Маја Љутков.

Петар Темелковски е габаритен и грамотен актер, кому ни најголемите цунами од кич, шунд и естрада ништо не му можат. Тој беше и се уште е еден од ретките актери кој умее на сцената да крикне, физички и метафорички. Него обично го оценуваат како драмски актер кој игра само во сериозни улоги во трагедии или психолошки драми, но тоа е само делумно точно. За познавачите на неговиот богат актерски опус, тој е и исклучителен карактерен комичар со свој оригинален и луциден хумор, е наведено во образложението.

Јордан Витанов, член на жири-комисијата, рече дека е особено важно оваа награда секоја година да оди кај вистинските вредности кои, како што рече, го задолжија македонскиот театар.

Наградата ја востанови Општина Велес пред седум години на иницијатива на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес и Здружението на актери „Џинот‘‘ од Скопје. Се состои од паричен износ од 30.000 денари.

На Темелковски ќе му биде врачена на 9 ноември во Велешкиот театар, кој во негова чест ќе ја изведе претставата „Шашардисани времиња‘‘.

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности