Петар Поповски лауреат на највисокото научно признание во Данска

Од:

Охриѓанецот Петар Поповски е еден од петтемина научници кои годинава се закитија со највисокото државно признание од областа на науката и восоката технологија што го доделува Министерството за високо образование и наука на Кралството Данска.

На свечената церемонија одржана синоќа во Глиптотек музејот во Копенхаген наградата „EliteForsk“ на годинешните лауреати им ја данската принцеза Мари.

Според зборовите на министерот за образование и наука на Данска, Есбен Лунде Ларсен, наградите се признание за оние што се издвојуваат со својот талент, научниците кои поставуваат повисоки стандарди и цели пред себе, водени од амбициите да бидат најдобри во своите области.

Ова е вторпат Петар Поповски да ја добие оваа престижна награда за достигнувањата во областа на бежичните технологии. Наградата „EliteForsk“ ја доби и во 2008 година.

Охриѓанецот Петар Поповски (43) е дипломиран електро- инженер, првенец на Електротехничкиот факултет во Скопје во генерацијата 1997. Магистрира во 2000 година на Електро-техничкиот факултет , каде и привремено работи како асистент, во Институтот за телекомуникации.  Во 2001 година заминува за Данска, на докторски студии во Универзитетот во Алборг. Од 2004 работи како доцент на Универзитетот во Алборг. Од 2008 година покрај универзитетската позиција, работи и како експерт за бежична технологија во фирма за високотехнолошки апарати за слушање.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование