Период на стабилно и суво време, температурите во пораст

Од:

Времето денеска изутрина е студено со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со променлива облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината со умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во наредните денови ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска. Снежната покривка постепено ќе се намалува.

Би можело да ве интересира

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо