А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ПЕП21: Уставниот суд го прекршува уставот

by А1он04/03/2016 - 15:37276
Share0

Срамно е и неуставно, Уставниот суд да донесува одлука со која Претседателот на Република Македонија ќе амнестира лица гонети за изборни криминали, посебно ако се земе во предвид и причината поради која и дојдовме до политичка криза, во услови кога за некој месец ќе имаме нови избори, велат од ПЕП 21.

Добивај вести на вибер

Партијата прашува, дали со ова Уставниот суд сака да ја спаси од одговорност ВМРО -ДПМНЕ поради криминалните избори и нелигитимни мандати и дополнително да овозможи нови криминални, незконски и нелегитимни изборни во полза на ДПМНЕ ???

ПЕП 21 смета дека одлуката на Уставниот Суд да постапува и ја спроведува иницијативата на „анонимниот“ адвокат е навлегување во ингеренциите на Законодавниот Дом и грубо кршење на Уставот.

Затоа, ПЕП 21 укажува дека овластувањето на Претседателот, согласно Уставот, е помилувањето и амнестијата да ја врши согласно закон чл.79 и чл. 84 алинеја 10. Претседателот нема апсолутно овластување и само Законодавниот Дом има можност да ги дефинира неговите овластувања.

ПЕП 21 го повикува Претседателот на Република Македонија да се изјасни, дали и покрај неуставната одлука на Уставниот суд, ќе проработи неговата свест и разумност и ќе овозможи наредните избори да бидат фер и демократски. Во спротивно и за него ќе сметаме дека е дел од злосторничкото здружение бидејќи доколку ја прифати оваа игра, тоа значи дека е свесен дека и тој својот мандат го добил со криминални избори, а со самото тоа е и нелегитимен Претседател.

ПЕП 21 се залага и смета дека граѓаните на Република Македонија заслужуваат слободни, фер и демократски избори од кои по нивна слободно изразена воља ќе произлезат легитимни мандати.

pep21

Би можело да ве интересира

Јовановска до Јанкулоска: Кога со Протуѓер договараше да ги сотрат моите деца мислеше ли на правата на мајката и децата?

Ана Ололовска03/06/2018 - 10:5503/06/2018 - 11:27

ПЕП 21: Демонстрација на инает

Емир Латифовиќ04/03/2016 - 15:38

(ВИДЕО) ПЕП 21: Да гласаме ЗА ГТЦ за да не се претвори во кич гипсена фасада за богатење на владини функционери

Ана Ололовска23/04/2015 - 12:1323/04/2015 - 14:17

ПЕП 21: Одливот на млади доктори во странство станува загрижувачки тренд

Емир Латифовиќ18/02/2014 - 18:45

(ВИДЕО) Јовановска: Една изборна единица и техничка влада за избори

Емир Латифовиќ21/01/2014 - 12:1621/01/2014 - 16:17

ПЕП 21: Граѓаните заложници на МРТВ?

Емир Латифовиќ12/11/2013 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен