Партија за економски промени 21, смета дека во овој момент најдобро е за државата итно да се формира техничка влада, која што ќе ја извлече Република Македонија од наметната политичка криза.
ПЕП 21 предлага формираната техничка влада прво да направи попис во РМ кој ќе биде добра основа за прочистување на единствениот избирачки список.
Сметаме дека,досегашниот избирачки список претставува инструмент за манипулација на избрачкото право на граѓаните.По добивањто на основните податоци за бројот на населението и на оние кои имаат право на глас, а се државјани на Р М, се создаваат услови за фер и демократски избори.
Во контекст на најавите за изборните процеси, ПЕП 21 посочува дека треба да се спроведат сериозни и темелни реформи на изборниот законик, во кој ќе бидат земени во предвид забелешките на меѓународните фактори ОSCE и ODIHR.
ПЕП 21 е подготвена да даде свои конкретни предлози за подобрување на изборните процеси.
Го повикуваме Павле Трајанов, како лидер на политичка партија „сателит“ – ДС, доколку е подготвен, неговата партија самостојно да учествува во изборниот процес ,само во тој случај да поддржува предвремени парламентарни избори.
Инаку,што се однесува пак, на изјавите на преставниците на иницијативни одбори на се уште судски не регистрираните политички партии, Граѓанска алијанса за позитивна Македонија и Граѓанска опција за Македонија, ПЕП 21 ги повикува прво да го завршат процесот на регистрација, а дури потоа да се произнесуват со ставови и да заземаат страна во име на политичка партија.