Пензионерка остана без 2.700 евра – ја измамија дека ќерка и прегази четиригодишно дете

Од:

МВР информира дека вчера во СВР Скопје Д.Г.(88) од Велес пријавила дека на 27. овој месец околу 10 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во која што како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра.

Откако пријавителката рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница Св. Наум Охридски“, што и го сторила.

Околу 11:50 часот пријавителката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци, а потоа со автобус се вратила во Велес.

Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он