Скопската полиција извести дека вчера е пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.