Пендаровски: На овој ден „де факто“ стануваме членка на НАТО Алијансата

Од:

Цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели, објави по потпишувањето на пристапниот протокол, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.

– Денес, цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели зад кој стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму.

Немам дилеми дека 6-ти февруари 2019-та, ќе биде споменуван како еден од најзначаните датуми во поновата македонска историја, затоа што на овој ден „де факто“ стануваме членка на НАТО Алијансата, напиша на својот фејсбук-профил Пендаровски.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени