Паско Кузман осуден на 3 години затвор

Од:

Поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман е осуден на 3 години затворска казна затоа што издал согласност на физички лица за изведување земјени работи на две локации со цел проверка на наводите за постоење културно–историско наследство.

Кузман е осуден како дел од Фаланга 2, заедно со уште петтмина обвинети во овој случај. Апелацискиот суд ги потврди затворските казни за обвинетите и ги одби жалбите на обвинетите, освен во делот на имотно-правното барање.

Првообвинетиот, поранешниот раководител на Одделението за превенција во Управата за заштита на културно наследство, Бојчевски, е осуден на затворска казна од седум и пол години за делата: злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, тешка кражба и прикривање.

Бојчевски во својата одбрана тврдел дека е жртва на лажен сведок и мета на одмазда заради тоа што успешно се справувал со нелегалната трговија со артефакти.

Тој тврдел дека зад трговијата со артефакти во Македонија стојат големи финансиски моќници кои се инфилтрирани во секоја сфера на општеството.

Би можело да ве интересира

Три години затвор за Паско Кузман

Емир Латифовиќ

Одложен судењето за кражбата од Музејот на Македонија

Емир Латифовиќ

Обвинетите за кражбата во Музејот на Македонија денеска во суд

Емир Латифовиќ

Германија одби да го испорача Шекуларац обвинет во „Фаланга 2“

Ана Ололовска

Притвор за седумте приведени за кражбата во Музејот на Македонја

Ана Ололовска

Директорите од Музеј на Македонија во договор со златар правеле реплики на украдените предмети

Емир Латифовиќ