Парични казни за промена на имињата на училиштата во Чаир

Од:

Државниот просветен инспекторат се заканува со прекршочни пријави доколку во рок од осум дена не бидат вратени таблите со старите имиња на четирите основни училишта во општина Чаир. Директорот на Инспекторатот Надица Николоска посочи дека нема согласност од Министерството за образование за промена на статутот на училиштата, а со тоа и на имињата на училиштата.

Казните за прекршочните пријави се парични и изнесуваат две илјади евра за правниот субјект, додека од 500 до 800 евра за одговорните лица во правниот субјект.

„Во конкретниот случај нема согласност од МОН за промена на училиштата. Поради тоа, Државниот просветен инспекторат ќе изврши повторен инспекциски надзор и после месец дена може да донесе повторно решение, односно да поднесе прекршочни пријави“, рече Николоска.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето