ВИДЕО: Паричката кај Заев паднала кај Господ, кај Иванов во домот, додека кај Шилегов најсреќен бил неговиот син

Од:

Денеска во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа литургија по повод големиот празник Рождество Христово – Божик, со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Помеѓу прустните на литургијата беа и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По завршувањето на литургијата претседателот Иванов посака да бидеме сплотени, единствени и солидарни во текот на целата година како што сме за време на празниците.

Тој кажа дека синоќа паричката кај нив паднала во домот.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов порача оваа година сите да работат на подобрување на квалитеот на животот на луѓето и посака 2018 година да биде година кога политички ќе се стабилизира земјата.

Тој кажа дека паричката од бадниковото лепче во нивното семејство паднала кај неговиот син.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев божиќните празници ги поминува со неговото семејство во Струмица, а паричката од бадниковата погача паднала кај Господ.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона