Панихида во чест на Јордан Хаџи Константинов Џинот во црквата „Св Спас“ во Велес

Од:

Свештеници од Епархијата Повардарска по традиција на денешниот ден Спасовден во црквата „Св. Спас“ во Велес одржаа панихида во чест на Јордан Хаџи Константинов Џинот, еден од зачетниците на просветителството во Македонија и првиот драмски писател.

Во негова чест на неговиот гроб во дворот на црквата Св. Спас во Велес букети цвеќе положија делегации на општина Велес, од велешкиот театар кој го носи неговото име исто како и општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Протаереј м-р. Горан Панзов потенцира дека Јордан Хаџи Константинов-Џинот е голем човек кој дал многу за својот македонски народ.

– Затоа секоја година, токму на овој ден Вознесение Христово- Спасовден ние од Епархијата Повардарска и граѓаните на Велес му правиме парастос во негова чест и спомен. Тој на овој ден не е упокоен, но народот го поврзал токму со Вознесението Христово-Спасовден кое секоја година паѓа на различен датум во зависност од тоа кога е Велигден, информира Панзов.

Покрај воведувањето на народниот македонски јазик во училиштата, на што работел четири децении, Џинот е заслужен и за осовременувањето на наставата, затоа што прв вовел нови предмети. Работел и организирал приредби и училишни претстави, а ги извршил и првите метеоролошки мерења на времето во Македонија. Негово прво дело е „Таблица перваја“ внесена во употреба 1845 година.

Јордан Хаџи Константинов-Џинот бил роден на крајот на 1821 или почетокот на 1822 година, а умрел на 29 август 1882 година во Велес.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ