Пандов: Еден осуденик месечно нè чини околу 1.000 евра, се однесуваат како во хотел

Од:

Во македонските судови во моментов има околу 430 осудени лица со А-третман и околу 340 со Б2-третман, од кои најголем дел, рече директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.

„Не велам дека сите, но најголем дел од тие осудени лица можат да бидат на условен отпуст, нормално, претходно со препорака од секторот за ресоцијализација и од директорите на затворите,“ рече Пандов на работен состанок „Пробација и условен отпуст“.

На состанокот учествуваа директорката на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, како и претседатели на судови и судии кои постапуваат по предмети за условен отпуст.

Пандов посочи дека пробацијата во Македонија постои веќе шест години, но не се користи доволно.

„Еден осуденик месечно нè чини околу 1.000 евра. Не мал број од овие 750 луѓе нè чинат многу како општество, а одат таму и се однесуваат како во хотел – ги храниме и ги чуваме,“ додаде Пандов.

Во моментов над 900 лица се под пробациски мерки, а има и повеќе од 100 барања за нивен прекин, најчесто поради непочитување на обврските од страна на осудениците.

Би можело да ве интересира

Белгија размислува за испраќање затвореници на Балканот поради пренатрупаност на затворите

Фон дер Лајен: Вработениот во ЕУ Николај Хило е меѓу ослободените затвореници во Белорусија

Палењето на куќата на Пандов е обид за заплашување и замолчување, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

МВР: Опожарена е викенд куќата на Пандов во Орешани

(ВИДЕО) Запален е домот на Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции

Горан Наумовски

Маслаха: Затворскиот персонал во Англија ги малтретира муслиманите