Пад од 23.6 отсто на запишани средношколци во десет години, намален е и бројот на основци и студенти

Од:

Во основното, средното и во високото образование од година на година се намалува бројот на влезната генерација како и на вкупниот број ученици односно студенти. Најголем пад од 23.6 проценти во период од десет години е забележан кај бројот на запишани средношколци.

Во публикацијата „Северна Македонија во бројки, 2020“ која неодамна ја објави Државниот завод за статистика, во податоците за образованието во земјава (стр. 21) е наведено дека во учебната 2008/2009 година имало 94 387 средношколци, по пет години (2013/2014) бројот паднал на 86 936, а по следните пет години продолжило намалувањето, така што во 2018/2019 година биле запишани 72 123 средношколци.

Во истиот период, пак, има зголемување на бројот на наставници и на средни училишта. Пред 11 години имало 6720 наставници во средното образование, а 7597 во 2018/2019 година. Средни училишта во 2008/2009 се евидентирани 114, 119 – пет години подоцна и 138 во 2018/2019 година.

Опаѓање на бројот на запишани ученици има и во основното образование, за 13.1 проценти во учебната 2018/2019 година во споредба со 2008/2009 година.

Во 2008/2009 година бројот на основци бил 217 685, пет години подоцна (2013/2014) бројот паднал на 192 152, а во 2018/2019 продолжил негативниот тренд и настава во основното образование следеле 189 236 ученици. Намален е и бројот на основни училишта – пред 11 години ги имало 1052, во 2013/2014 нивниот број е намален за десет (1042) колку што ги имало и во 2018/2019.

Наспроти помалиот број на ученици и школи, има зголемување на бројот на наставници во основното образование – во 2008/2009 биле 16 249, пораст имало во 2013/2014 (17 549), како и во учебната 2018/2019 во која предавале 18 580 наставници.

За 15.4 отсто е намален и бројот на запишани студенти. Во 2008/2009 година биле 63 437, во 2013/2014 – 57 746, а во 2018/2019 бројот паднал на 53 677 студенти. И во високото образование низ годините се бележи зголемување на бројот на наставници. Во академската 2008/2009 година ги имало 2182, во 2013/2014 – 2301 и 3101 во студиската 2018/2019. Овој податок на ДЗС се однесува само на наставниците, не и на соработниците во наставата.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование