А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Овоштари од Делчево на предупредувачки протест, бараат обесштетување од пролетниот мраз

by А1он04/07/2017 - 16:00117
Share0

Група овоштари од Делчево денеска излегоа на предупредувачки протест и побараа обесштетување од пролетниот мраз по теркот на обесштетувањата од поплавите кои се исплатија во другите региони.

Добивај вести на вибер

Овоштарот Славчо Гоцевски потенцираше дека ова е предупредување и доколку до крајот на овој месец не се обесштетат овоштарите ќе организираат поголеми протести со поддршка на овоштарите од Малешевијата.

– Се собравме за да предупредиме за исплатата на штетите од пролетните мразеви. Комисиите беа на терен, но никој не не известува дали ќе има обесштетување или не. Се работи за штетите од измрзнување на овошните насади, проценката е направена. И лани беше исто, се правеа проценки, а никој не не обесштети. Не можеме да издржиме две години и да инвестираме во производството, а да немаме берба. Кај нас е тешко, ако не ги уништи дрвцата мразот, тогаш ќе има град или суша. Оваа година се ни се насобра и мраз и град. Јас очекував 140 тони сливи, а сега дали ќе има два тона, не знам. Истото беше и кај вишните, наместо 60 тони, набрав само 12, истакна Гоцевски.

Од Министерството за земјоделство информираат дека се уште не се притигнати податоците за извршената проценка на штетите. Откако ќе се соберат сите податоци од сите подрачни едници, информацијата ќе се најде на седница на Владата која треба да одлучи дали и колкаво обесштетување ќе има.

Според неодамна објавените податоци, само од Делчево и Македонска Каменица штети пријавиле околу 700 земјоделци, а најголеми штети и до 100 отсто има кај насадите со сливи во Пијанец.

Проценките од ланските штети од пролетните мразеви само за Делчево и Македонска Каменица се 63 милиони денари.

delcevo

Би можело да ве интересира

„Културна кауза“ во Делчево – спој на музика, поезија и мултимедијални содржини

А1он25/10/2025 - 10:10

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски06/10/2025 - 09:0706/10/2025 - 10:02

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он26/08/2025 - 15:5926/08/2025 - 16:00

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Горан Наумовски26/08/2025 - 11:54

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Горан Наумовски21/08/2025 - 14:32

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Горан Наумовски07/08/2025 - 19:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен