Овации за „Ромео и Јулија“ во Санкт Петербург

Од:

Театарскиот ораториум „Ромео и Јулија“ со кој беше отворено годинешното „Охридско лето“ својот живот го продолжува со успешната премиера во Русија, изведена на сцената на театарот во Санкт Петерсбург.

Со долготрајни аплаузи била наградена бројната театарска екипа предводена од актерот Дејан Лилиќ, кого публиката го оценила за најдобар Ромео што го виделе Русите, информираат нашите учесници.

Интересот за претставата во Санкт Петерсбург бил голем што се барал билет повеќе, а во салата се поставувале дополнителни седишта.

Дека руската театарска публика е заинтересирана за премиерната изведба на „Ромео и Јулија“ потврдува фактот што билетите биле распродадени уште три дена пред прикажувањето.

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности