Форумот на слободоумни патриоти упати отворено писмо до македонската јавност по повод референдумот што претстои.
Писмото го пренесуваме во целост.
„Од потпишувањето на килавиот и предавнички договор, па се до ден денешен сведоци сме на невидена пропаганда од страна на владеачката коалиција. На оваа пропаганда може и еден Гебелс да им позавиди.
Во немање на успеси во последните 18 масеци од кога се на власт почнаа да ни кажуваат приказни како ќе сме биле дел од ЕУ и дел од НАТО. Но вистината е дека токму тие се против нашето членство во ЕУ и НАТО, против се зошто не ќе можат да си делат тендери под рака, не ќе можат да си делат финансиска помош на нивните фирми, не ќе можат шверцерски да си делат стипендии за нивните деца, не ќе можат да бидат на чело на организираниот криминал во Република Македонија и уште многу други нешта.
Ако навистина беа за наше членство во ЕУ и НАТО имаа можност во овие 18 месеци како се на власт вистински да го покажат тоа, да спроведат барем една реформа.
Предавничката тројка Заев, Шекеринска и Димитров и покрај целата пропаганда ќе бидат запаметени како слуги на туѓи интереси и најголеми прадавници на Македонскиот народ и Македонските национални интереси.
Почитувани браќа и сестри,
Референдумот на 30ти септември не е за наше членство во ЕУ и НАТО, референдумот е за амнестија на оваа криминална власт и за нејзино преживување до следните избори.
На 30ти септември не смееме да го амнестираме потпишувањето на предавничкиот договор од Преспа. Ако имаа чесни намери и ако навистина е точно тоа што го зборуваат до сега ќе ги покажеа амандманите, немаше да ги кријат како што змијата ги крие нозете.
Референдумот во Република Македонија нема да успее, без разлика на сите уцени и зите закани кои се упатуваат во последниот период. Без разлика на сите лаги и манипулации во јавноста, ние Македонскиот народ нема да гласаме за свое укинување и бришење од картата на народите во светот!
Ве повикувам на 30ти септември заедно да ги испишеме Македонските црвени линиии:
Нема промена на Устав, се со цел промена на Уставното име Република Македонија!
Нема бришење на термините Македонија и македонски од Уставот на Република Македонија!
Нема бришење на Македонскиот народ од Уставот на Република Македонија!“, се вели во отвореното писмо на Владимир Змејковски, претседател на Форумот на слободоумни патриоти.